18.09.2012, 13:20
Привршува изборот на најдобри евергрини



Песните со најмногу гласови ќе бидат изведени на специјална манифестација на 26 октомври 2012 година во Универзална сала, со симфониски оркестар под диригентство на Бисера Чадловска

Остануваат уште две недели во кои јавноста може да гласа за своите омилени евергрини и да ги одбере најдобрите 20 евергрин-композиции во последниве половина век музичко творештво на македонската поп-сцена. Песните со најмногу гласови ќе бидат изведени на специјална манифестација на 26 октомври 2012 година во Универзална сала, со симфониски оркестар под диригентство на Бисера Чадловска од Македонската опера и балет.

Изборот на песните останува непроменет, а за нив се гласа преку СМС-пораки од сите национални оператори на бројот 141 772, како и онлајн, на веб-страницата на магазинот „Теа модерна“.

Гласањето трае до 28 септември 2012 година, а се гласа по принципот на негативна селекција, каде што на неделно ниво отпаѓаат по 20 композиции. Организатор на манифестацијата е продукциската куќа „Ентертејмент“ и ПР-агенцијата „Чептер 4“ - Македонија.