14.06.2012, 12:28

Инцидент пред Советот на Град Скопје

Незадоволните граѓани на кои не им било дозволено да присуствуваат на седницата предизвикале низа инциденти

Денеска се случи инцидент пред бараките на Град Скопје во Градскиот парк.

Поголема група граѓани, пратеници од опозицијата во Собранието на РМ, меѓу кои беше речќиси комплетното раковотство на СДСМ, опозициски советници од Советите на скопските општини денеска протестираа пред Советот на Град Скопје изразувајќи го своето незадоволство од одлуката за преименување на улиците и мостовите во главниот град. Притоа настрадаа неколку прозорци.

Револтот се зголеми откако на собраните граѓани не им беше дозволено да влезат и да присуствуваат на седницата на Градскиот совет, па нервозата ја изразија со удирање со пластични шишиња по бараката во која заседаваа градските советници.

Откако опозицијата предводена од советниците на СДСМ не успеа да го протурка својот предлог точката за преименување на улиците да се симне од дневен ред, таа ја напушти седницата. Советниците од владеачкото мнозинство продолжија да дискутираат по усвоениот дневен ред.