На проверка Маневски и Јанакиески
Државната комисија за спречување корупција ги проверува документите поврзани со обвинувањата дека министерот за правда, Михајло Маневски, четири месеци земал и плата и пензија. Но, исто така, ги проверува и аргументите во ревизорскиот извештај за Министерството за транспорт каде што како директно одговорен за незаконитости се посочува првиот човек, Миле Јанакиески. „Овие денови интензивно ја проверивме фактографијата. Моментно сме на многу високо ниво на утврдување на фактичката состојба“, изјави вчера првата антикорупционерка, Мирјана Димовска. Комисијата, исто така, го обезбедила ревизорскиот извештај на Министерството за транспорт и врски и од вчера тој се обработува. (Д.Р.)
|