Битолски тинејџери краделе автомобили за да се повозат

БИТОЛА - Дрски крадци на автомобили годинава се полакомиле на возилата на битолчани. Само за последните пет месеци, според статистиката на битолската полиција, украдени биле дури 44 автомобили. Арамиите краделе од „фиќо“, па до луксузни марки автомобили. Полицијата тврди дека не се работи за организирана група криминалци, зашто сторителите во неколку случаи биле малолетници, кои откако ќе се повозеле, ги оставале автомобилите онаму каде што ќе им снемало горивото. Пронајдени се 39 од одземените возила. (Б.А.)