Змија касна домаќинка додека подготвувала ручек во летна кујна
ПРИЛЕП - Мируше Велиоска (56) од прилепското село Житоше завчера околу 11 часот ја каснало змија додека подготвувала ручек во летна кујна. Велиоска е во прилепската болница и, како што вели д-р Мирјана Крстеска, таа е во добра здравствена состојба. Кога Велиоска ја здогледала змијата, се обидела да ја убие со опинокот, но не успеала. „Змијата веднаш се извиткала околу рацете на сопругата и во одбрана ја каснала двапати. Синовите ја однеле до селската амбуланта, каде што и' е укажана прва помош, а за половина час и до прилепската болница. Сме наоѓале змии во бавчите, во дворовите, но не и во домовите“, вели сопругот Иснија Велиоски.
Жителите на Житоше, пак, велат дека секоја пролет среќаваат змии и смокови. Само за една недела, ова е втор случај да биде хоспитализиран пациент каснат од змија. (М.Т.)
|