03.11.2012, 16:23 „Коалиција за живот“ ја буди свеста за наталитетот во Македонија
Зголемена е просечната возраст на склучување бракови, зголемен е бројот на разводи, има помалку живородени деца и изумираат цели градови и села
Со единствена цел - побудување на свеста за еден сериозен проблем со којшто се соочува нацијата, а тоа е негативниот тренд на демографскиот развој. Состојба којашто повеќе од една деценија е приустна на територијата на Република Македонија и го наметнува прашањето за нејзиниот опстанок, е единствениот предизвик на сплотувањето на поголем број граѓански организации во Здружение на граѓански организации „Коалиција за живот“.
На денешната прес-конференција на Здружението на граѓански организации „Коалиција за живот“ беше потенцирано дека намалувањето на наталитетот е проблем на модерното време, со којшто се соочуваат голем број земји во светот, па дури и оние економски најразвиените. Ова значи, подвлекуваат, генерално поместување на прерцепцијата за критериумите и условите за склучување на брак и оформување семејство, на едно друго ниво.
- Анализирајќи ги состојбите на демографијата низ годините наназад, можеме да констатираме зголемена просечна возраст на склучување на бракови и кај машката и кај женската популација, зголемен број на разводи, намален број на живородени деца, изумирање на цели градови и села, тренд што предизвикува исклучително тешки последици по сите општествени текови, укажуваат од „Коалицијата за живот“ во која се граѓанските организации „Големи и Мали“, „Доверба“ и „Порака Наша“ од Куманово, Кризен Центар Надеж-Скопје, „Китка“ Прилеп, Здружение за правата на децата - Скопје, Здружение на граѓани за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција-Мак-Сонце – Струга, Центарот за мултикултурно разбирање и соработка – Дом за сите – Струга, Здружението за спортски, еколошки и социјален развој на рурални и недоволно развиени подрачја – Искра, Бигор - Дебар.
Оваа слика, потенцираат, не била од секогаш ваква. Пред само 30 до 40 годин, велат „Коалиција за живот“, се раѓале и по 50.000 деца годишно и токму затоа нацијата постои до ден денес.
- За жал, денес семејните вредности се во криза, но никако не смееме да ги напуштиме, а уште помалку да ги напуштиме традиционалните вредности на нашиот народ и држава. Да се обидеме да го вратиме изгубеното – верба во традиционалните вредности и перцепцијата за важноста на семејството, е порака што ја упатија на прес - конференцијата.
|
|