Што прават денеска

Кокан Димушевски

музичар

Периодов ми е исполнет со работа на два проекта. Пишувам композиција за четири флејти, а покрај тоа, ја работам и музиката за претставата за Никола Тесла, што се подготвува за Скопско лето, во режија на Златко Славенски. Во текот на денот морам да најдам време за физичка рекреација.

Каролина Петковска

уредник во МТВ

Денот неизбежно ми започнува со кафе, пред да се посветам на монтажата на специјалното издание на „Фолковизија“, каде што Елена Ристевска и Ѓоко Таневски ќе пеат со голем народен оркестар. Вечерва пак одам на донаторската вечер на Лајонс-клубот „Светлина“, по повод приемот на новите членки.

Јован Радањски

пејач

Неодамна ја снимив мојата нова песна „Не ме издавај“, балада со многу емотивен текст, а веќе се подготвувам и за снимање на видеозапис, кој планирам да го реализирам кон крајот на мај. Се подготвувам и за настапот со колешката Софија Манева, со која имаме снимено дует за песната „Секој ден“.


#