Пеколна пустелија



Фразата нема жива душа на улица вчера буквално беше пресликана во Скопје, но и во другите градови. Пеколните температури го вжештија асфалтот сигурно над 40. степен иако термометрите на УХМР официјално во 14 часот измериле 37 Целзиуси. Пеколот ги испразни улиците, автобусите возеа празни, а некои дуќани кои вообичаено работат во недела беа затворени. Едвај неколку минувачи имаше по фреквентните „посвежи“ градски локации. Неколкумина се разладуваа на градската плажа под туш, додека на градилиштата и покрај пеколното време, ангажираните работници ги извршуваа тековните обврски. Според најавите на УХМР, денеска не' очекува уште потопло време. Асфалтот повторно ќе врие, сонцето ќе пече, но сообраќајот ќе биде пораздвижен оти почнува нова работна недела, а за многумина и прв работен ден по годишниот одмор. (Дс.Т.)

#