Сакал да се обеси, но јажето му се скинало Радовишанец крвнички ја претепал сопругата, по што сакал да се обеси, но јажето му се скинало. Според полицискиот билтен, В.Т. од село Градско Балдовци, Радовишко, ја претепал сопругата нанесувајќи и' тешки повреди на главата и на вратот. Откако помислил дека ја убил својата сопруга С.Т., радовишанецот се обидел да си го одземе животот, врзувајќи си јаже околу вратот.
Но, не успеал во намерата, бидејќи јажето се скинало. Повредената жена е примена во Медицинскиот центар во Битола со тешки телесни повреди во пределот на главата и на вратот. Медицинско лице го пријавило случајот во полиција, по што сопругот е приведен и задржан во полициската станица во Радовиш. (Д.Т.)
|