Момче загина во сообраќајка

Едно момче загина, а три се повредени во сообраќајна несреќа во Зелениково. Завчера околу 17 часот Дурак Дураки (21) од Зелениково, возејќи „застава 101“, директно се судрил со „југо“ на соселанецот Б.Н. (23). Дураки починал веднаш, а возачот на „југото“ и неговите двајца сопатници се здобиле со повреди. (Ј.К.)