Потона брод во Охридско езеро, настрадаа околу 17 лица (13.00)
Охрид, 5 септември Најмалку 17 лица настрадаа денеска кога туристичкиот брод „Илинден“ се преврте на околу 200 до 300 метри од брегот во водите на Охридското езеро, во близина на автокампот „Елешец“, јави МИА. Се стравува дека бројот на жртвите може да биде поголем. Бродот, според неофицијални информации превезувал група од педесетина туристи од Бугарија. Во тек е акција за извлекување на телата на жртвите. Ангажирани се екипи на езерската полиција со чамци, специјални нуркачки екипи, и сите амбулантни возила со кои располага службата за итна шпомош во Охрид. Причината за несреќата се уште не е позната, а местото обезбедено од полицијата која не дозволува пристап. На местото на несреќата се очекува да пристигне министерот за одбрана Зоран Коњановски. Неофицијално, први во помош на патниците во потонатиот брод, пристапиле лица од автокампот со чамец, кои успеале да спасат голем дел од нив. (миа)
|