06.02.2012, 17:56

ИСПРАВКА

Во саботниот број во текстот под наслов „Почина врвниот хирург Тихомир Крцковски“ е направена ненамерна грешка. Напишавме дека д-р Крцковски починал од рак на белите дробови, но неговото семејство вели дека тој не бил болен, туку починал ненадејно.

Му се извинуваме на семејството за ненамерната грешка. Д-р Крцковски беше посебна личност и неговото заминување е загуба за целото општество. Тоа и е причина за нашата објавена статија за неговата смрт.

Редакција „Утрински весник“