Удрила во пешак учејќи да вози

Гостиварка учејќи да вози удрила во малолетник, по што побегнала од местото на несреќата. Според полицијата, несреќата се случила завчера попладне на фудбалското игралиште во с.Балиндол-Гостиварско. Х.Х.(52) со „фолксваген џета“, од невнимание, при полукружно свртување удрила во Ф.Б. (14), при што му нанела телесни повреди. По ова таа побегнала од местото на настанот. Повредениот малолетник е пуштен на домашно лекување, а против Х.Х. полицијата најавува дека ќе биде поднесена кривична пријава. (Х.Р.)


#