Евросонг

Хомосексуалците се плашат да дојдат во Белград

Покрај оваа непријатна геј-пропаганда, на удар е и минатогодишната победничка Марија Шерифовиќ

Евровизискиот спектакл, или, како што го нарекуваат „Парада на кич“, отсекогаш било омилено собиралиште на хомосексуалците, но годинава во Белград, постои страв кај геј популацијата. Тие беа подготвени да организираат и геј-парада, но хетеро Србите велат дека ќе ги употребат мускулите. Имено, според некои потези на организаторот, како што пишува белградски „Блиц“, хомосексуалците подобро да си останат дома, односно дека не се добредојдени во српската престолнина, што предизвика бројни откажувања на туристичките ангажмани во тамошните геј- здруженија.

- Имавме одлични планови, но се откажавме токму поради сигурност, оти не можеме да ја гарантираме, вели Бобан Стојановиќ, првиот човек од белградското геј- здружение „Кверија центар“. Националистите се закануваат дека ќе ги претепаат педерите и секој што личи на нив. Се плашиме од тие физички инциденти, а никој во Србија не гарантира ништо“.

Покрај оваа непријатна геј-пропаганда, на удар е и минатогодишната победничка Марија Шерифовиќ. Според Стојановиќ, таа воопшто не се обидела да создаде интерна слика за својата земја, туку се вклопила во општата слика. Имено, Марија не се обидела да им помогне ниту на геј- групите ниту на малцинствата. „Шерифовиќ не направи ништо ниту за Ромите, а сите знаат дека мајка и' Верица има токму ромски корени. Од својата позиција таа можеше да направи многу повеќе, ама очигледно не сакаше да си ја урива позицијата што ја има“, заврши Стојановиќ.

Инаку, годинешниот „Евросонг“ ќе чини помеѓу 15 и 20 милиони евра.