Зурли и тапани за брат Љубе

Стотина кичевци, симпатизери на Обединети за Македонија вчера со зурли и тапани го најавија протестот на Љубе Бошкоски. Стартна станица беше Универзална сала во Скопје. Бошкоски го организира ноемврискиот бунт против актуелната власт и дведецениската агонија во Македонија. „Со овој бунт ние сакаме да го разбудиме македонскиот народ, да го раздвижиме, да покажеме дека со молкот, со небунтувањето само се потхранува суетата на Никола Груевски и на оваа Влада. Молкот е нешто што го убива човекот. Затоа ние се бунтуваме. Бунтот е резултат на една 20-годишна погубна политика“, изјави брат Љубе во интервјуто што пред неколку дена го даде за „Утрински весник“. (Ж.Ѓ.)


#