Скопски средношколци избодени со нож

(05.11.2010г.-09:40ч.) Две момчиња на возраст од 15 и 16 години се избодени во инцидент што вчера попладне се случи во дворот од гимназијата "Орце Николов" во Скопје. Едното момче, за кое телевизите објавија дека е син на началникот на Генералштабот на АРМ, Мирослав Стојановски, се здоби со две убодни рани и бил опериран во Градската болница, додека другото момче е пуштено на домашна нега. Полицијата детали за инцидентот најави за денеска.


#