Обама одби ТВ дуел со Хилари Клинтон
ИндиЈанополис- Претендентот за номинација на Демократската партија за претседателските избори во САД, Барак Обама, соопшти дека нема да излезе на дуел со противкандидатката Хилари Клинтон пред првичните избори во сојузните држави Индиjана и Северна Каролина, предвидени за 6 мај.
Клинтон го повика Обама на 90-минутен дуел во Индијана, но Обама го одби предлогот.
- Имаме девет дена за кампања и за собирање што поголем број гласачи, изјави пред новинарите Обама. Тој додаде дека наместо да влегува во телевизиско студио, претпочита да се среќава со луѓето непосредно и да одговара на нивни прашања.
Сенаторот од Илиноис оцени дека е подобро дуелот да се одржи по 6 мај, односно по изборите во Индијана и Северна Каролина.
Сенаторката од Њујорк, Хилари Клинтон, изрази жалење од одлуката на Обама да не го прифати дуелот. (МИА)
|