11.10.2012, 15:35
Скопјанец избоден поради паркинг



Двајца напаѓачи избоделе со нож вработен на паркинг во центарот на Скопје, бидејќи немале како да го паркираат нивното „БМВ“. Инцидентот, според полицијата, се случил вчера околу 13.30 часот на паркингот на булеварот Гоце Делчев пред Тетовскиот универзитет.

На паркингот дошло возило„БМВ“ со скопски таблички. Двајцата кои биле внатре го прашале контролорот дали има место за паркирање. Потоа му се заканиле дека ако не им најде место, физичкки ќе се пресметаат со него.

Потоа двајцата напажачи извадиле нож и го избоделе 21-годишниот Р.А. во грбот и на левата потколеница. Контролорот во „Градски паркинг“ веднаш бил пренесен во Градската болница. Полицијата трага по напаѓачите.