Дневен хороскоп
Овен
Некој ќе ве онерасположи на кратко, се' уште ве држи празничното расположение. Ве очекува страсна ноќ. Некој во додворувањето ќе ви понуди работа и соработка. Очигледно годината ви почна бериќетно. Внимавајте на зглобовите. Не се карајте со постарите.
Бик
Ако се обидувате своите ставови да ги наметнете на своите блиски, ќе предизвикате неред. Надополнете го она што сте го пропуштиле во изминатиот период. Насочете се на позитивни работи, бидејќи вашето тело бурно ќе реагира на стресот. Бирајте ги зборовите ако не сакате да настрадате.
Близнаци
Воздржете се од љубовната акција, може многу да се разочарате. Работата ќе ве ослободи од напнатоста и негативната енергија. Ослободете се од нервозата ако сакате да го задржите доброто здравје. Вложувајте во работи кои го заслужуваат тоа.
Рак
Можеби минатата година љубовта не ви цветаше, но не очајувајте. Кризата брзо ќе помине. Ќе напредувате побавно од вообичаено, но ќе постигнувате резултати. Ќе ве улови мрзеливоста и поспаноста. Добро ќе ви дојде медитација и антистрес терапија. Немојте да се инаетите со блиските, тие секогаш добро ви мислат.
Лав
Со кокетното однесување, од ден на ден ќе создавате нови прилики, но ништо нема да дотуркате докрај. Партнерот очекува повторно да биде најбитен во вашиот живот, разговарајте. Внимавајте на желудникот. Не избегнувајте ги обврските.
Девица
Ќе се најдете во љубовна дилема. Послушајте го гласот на срцето, но внимавајте да не погрешите. Во извршувањето на работните обврски ќе запознаете интересна личност која ќе ви го промени животот. Здравствените проблеми ќе ги санирате со природни лекови.
Терезија
Би можела да ве налути себичноста на партнерот или неговите егоистични постапки. Станете имуни на тоа и не нервирајте се беспотребно. Околностите ви се наклонети, успех на работното место. Можни се добивки и награди. Внимавајте на здравјето, претеравте со нездрава храна за празниците.
Скорпија
Ситуацијата ќе се менува од ден на ден. Вашиот партнер ќе наидува на проблеми во желбата да ве усреќи, а вие сте постојано вкочанети. Една работа ќе се искомплицира но не нервирајте се. Чувајте се од инфекции и алергиски реакции. Немојте да трачарите , се' се враќа.
Стрелец
Ќе бидете забавни, духовити и дружељубиви, што е и логично за вакв период . Ќе заведувате личност кое подоцна ќе премине во нешто посериозно. Можна е добивка од хонорарна работа. Подобро слушајте што зборуваат другите, никогаш не е на одмет туѓо мислење.
Јарец
Партнерот ќе ви предложи интересна идеја по која ќе се чувствувате прекрасно. Ќе ви се отворат нови можности на планот на заработувачката. Работата ви дава самодоверба, но и успех. Внимавајте на тенот и косата. Контролирајте си ја лутината.
Водолија
Ќе блескате од среќа. Вашата љубовна приказна ќе напредува од ден на ден. Со личната харизма и шармот ќе ги освојувате сите околу вас. Потрудете се да се релаксирате. Избегнувајте понуди кои не ви се допаѓаат, а и не можете да ги одбиете.
Риби
Ќе решавате проблеми на блиските. Можна е интересна соработка со партнерот. Ќе ги криете своите вистински намери, а длабоко во себе ќе горите од страсти. Не потценувајте ги своите можности , па се' ви оди од рака. Ве исцрпуваат неискрени игри.
|
|