07.11.2012, 13:21 Супер радио влезе во Гинис
Жанко З’ш Голабоски и Сашо Митан водеа маратонска емисија во живо, во траење од 74 часа и 51 минута
Супер радио од Охрид денес го проби рекордот и ги победи колегите од германскиот дел на групацијата КИСС ФМ кои го држеа рекордот од 74 часа водење емисија во живо. Со овој подвиг охридското радио влезе во Гинисовата книга на рекорди. Колку за потсетување - маратонот започна во неделата наутро во 8 часот и траеше до денес (среда) напладне, што значи вкупно 74 часа и 51 минута.
Жанко З’ш Голабоски и Сашо Митан ја водеа програмата, ама имаа помош и од Тони Џомба, диџеј Јане и сите други членови на екипата кои со овој маратон го прославија роденденот - 20 години Супер радио. |