Сандра Булок

Го спасува бракот на Скарлет Јохансон

Сандра Булок е брачен советник на еден од најубавите холивудски парови, Скарлет Јохансон и Рајан Ренолдс.

„Рајан и Скарлет минуваат низ многу тежок период, а Сандра им помага да ги надминат недоразбирањата. Таа тоа го прави со примери од својот брак“, изјавил близок извор на актерката.

Сандра е една од ретките холивудски ѕвезди, кои успеале да ја одделат кариерата од бракот. Таа четири години е во брак со Џеси Џејмсон.

„Сандра и Џеси сосема се различни и никој не веруваше дека ќе успеат. Сандра му дала совет на Рајан оти мора, без оглед на се', да издвои време за Скарлет и дека ништо не може да ги уништи заедничките моменти“, додал изворот.

 


#