Хороскоп

ОВЕН

Врската со љубената личност ќе доживее колуминација. Ќе откриете во партнерот квалитети за кои не сте ни сонувале. Работната ситуација не е идеална, но морате да бидете трпеливи. Наскоро следува значително подобрување. Засега ќе морате да се задоволите со стандардната заработка.



БИК

Внатрешните конфликти се под контрола. На партнерот му наоѓате стотици мани, но не можете да се снајдете без него. Слободните припадници на некое јавно место ќе запознаат шармантна Скорпија. Релаксирајте се и прифатете ја понудата за вечера.



БЛИЗНАЦИ

Извесни нешта ве блокираат и ви претставуваат товар. Обрнете повеќе време на здравјето. На овој сегмент од животот сте преосетливи, преземате премногу ризици, што може да ви донесат некоја болест. Прилично сте исцрпени, па неделата што доаѓа е поволна за собирање нови сили за работните обврски што ве очекуваат.



РАК

Прекумерната работа бара поголемо трпение, кое, со сигурност го поседувате. Ќе наидете на видливи резултати доколку бидете тимски играч и ги почитувате туѓите желби. Уморот е последица на работните обврски што ви ја трошат енергијата, но и своевиден сигнал дека активностите треба да се доведат до разумно ниво.



ЛАВ

Давате непромислени изјави, па ги кривите другите ако поради тоа наидете на своевидни последици. Немате доволно време да реагирате на ситуациите кои ви се наметнуваат. Организмот бара да ги наполните батериите, па затоа искористете го убавото време за прошетка.



ДЕВИЦА

Времето на славење ви одговара, бидејќи сакате да се дружите. Повеќе планирате отколку работите. На работното место премногу зборувате и константно делите совети. Осетливи сте на нарушените меѓучовечки односи повеќе од кога и да е.



ТЕРЕЗИЈА

Откако увидовте на пропуштените можности, сфаќате дека немате време за губење, па решавате веднаш да тргнете во акција. Размислувате за ново работно место, љубов и оние нешта кои можат да донесат радост во животот. Скорпиите и Јарците имаат трпение да ги слушаат вашите совети.



СКОРПИЈА

Работните обврски ги држите под контрола. На емотивен план се можни мали несогласувања. Сметате дека партнерот ни оддалеку не ги исполнува вашите очекувања. Најдобро ќе биде да ги намалите вашите афинитети, или пак, променете го партнерот.



СТРЕЛЕЦ

Се наоѓате во дилема дали да продолжите со денешните активностите. Топлото време и пролетта ви ги оттргнуваат мислите од работните навики, па сакате да се прошетате и да трошите од драгоценото време. Завршете ја работата. Доаѓа летото, денот е поголем, а со тоа доаѓаат и нови интересни предизвици.



ЈАРЕЦ

Период на оптимизам. Имате безброј интересни идеи. Само треба да бидете стрпливи и да ги спроведувате на дело. Знајте дека многу работи ви стојат на патот. Користете кратки паузи полесно да ги одбегнете. Одморот ќе донесе елан за нови проекти, кои, ќе ги има во голема мера.



ВОДОЛИЈА

Од некому сте очекувале премногу. Откако ситуацијата спласна, очигледно е дека се преценивте себеси и другите. Потребата за љубовта е изразена, но вашиот вроден срам причинува никој да не ја примети, посебно онаа личност за која сте загреани.



РИБИ

Ова е одличен период за Рибите. Ѕвездите и тоа колку ви го осветлуваат патот по кој газите. Проблемите ги решавате спонтано со одлични интуитивни реакции. Само немојте да се залажувате дека среќата ќе трае вечно. Уживајте во ситните работи кои ве прават среќни.




#