05.10.2011, 16:03

(ФОТОГАЛЕРИЈА) На снимањето на „Трето полувреме“




Фото: Петр Стојановски

Екипа на „Утрински весник“ присуствуваше на снимање сцена од филмот „Трето полувреме“, по сценарио и режија на Дарко Митревски.

Сцената се снимаше кај Хавзи-пашините конаци во скопско Бардовци каде што е направен импровизиран стадион со голем број статисти во улога на публика која следи натпревар што, според сценариото, се игра во 1940-тите години.

Филмот раскажува вистинска приказна за фудбалскиот клуб „Македонија“ (претходник на „Вардар“), кој успеал да влезе во финале во лигата против бугарскиот „Левски“.