Принцот Вилијам

Младоженецот станува војвода

Пред да стапи во брак со Кејт Мидлтон, принцот Вилијам на своето ќе додаде уште една титула и така ќе стане војвода. Тој веќе ја побара од кралицата таа нова почест за себе.

Она што е интересно е дека титулата војвода мора да биде моментално на располагање за да може да биде доделена. Имено, последниот човек кој бил носител на ова звање не смее да има ниту еден жив машки наследник што би ја наследил титулата. Инаку, ова именување обично им се доделува на младите членови на британското кралско семејство. Првиот носител бил Чарлс Стјуард во 17 век, а принцот Вилијам ќе биде идниот војвода од Кембриџ, кого кралицата Елизабета ќе го именува непосредно пред венчавката.

Иако свадбата на Вилијам и Кејт ќе биде раскошна, кралската венчавка е манифестација што не може да побегне од илјадагодишната традиција и протокол. Меѓутоа, Вилијам и Кејт припаѓаат на новата генерација парови, кои не се плашат да покажат колку се приврзани едни на други.

За разлика од другите членови на кралските семејства, кои се' работат со резервираност, свршеничките фотографии на младиот пар покажуваат како Вилијам заштитнички ја прегрнува Кејт Мидлтон и нема ништо против тоа да го види целиот свет. Бидејќи ќе стане сопруга на принц и иден крал, Вилијам Петти, Кејт ќе добие круна која ќе го обележи нејзиниот нов статус, со оглед на тоа дека таа не е родена со благородничка титула. Свадбата е закажана за 29 април истата година.


#