Груевски знаел да дава голови

„Ние создаваме можности и реализираме. Кажано со спортски жаргон, СДСМ знае да дрибла, ние знаеме да даваме голови. Публиката сака победа, сака голови. Народот сака дела, решенија, остварување, а не голи, односно празни ветувања“. Вака премиерот Никола Груевски одговара на опозициските тврдења дека власта ја копирала нивната идеја за Закон за енергетска сиромаштија.

„Што да ви кажам. Луѓето само ветуваат, а не остваруваат. СДСМ 13 години беше на власт. Кој им бранеше да го спроведат овој проект? Никој. Само зборуваат, ништо не создаваат. Ние, кога се укажа можност, без многу врева го реализиравме“, вели Груевски во интервју за МИА што агенцијата овие денови го пренесува во делови.

Премиерот негира и дека ја украле од СДСМ идејата за бесплатни учебници.


#