„Агрокор“ ќе почне со изградба на агроберза
Се очекува пролетва хрватската компанија „Агрокор“ да започне со изградба на долгонајавуваниот дистрибутивен центар за откуп и пласман на зеленчук и на други земјоделски производи.
Станува збор за инвестиција вредна 20 милиони евра. Владата веќе ги обезбеди сите правни и економски предуслови и му даде целосна поддршка на проектот, а Општина Струмица ја изгради потребната комунална инфраструктура. Неодамна, „Агрокор“ го купи и земјиштето на кое ќе се гради првата агроберза во овој регион. Според локалната самоуправа, со тоа ќе се надминат најболните прашања околу откупот и пласманот на зеленчукот од Струмичкиот регион и од другите региони во југоисточниот дел на Македонија. (МK.фондови) |