Измамена сопруга на исчезнат прилепчанец

Прилепчанец со измама успеал да извлече 90.000 денари од сограѓанка, ветувајќи дека ќе го пронајде нејзиниот сопруг. Триесет и двегодишниот К.Д. ќе одговара за измама, бидејќи во април годинава откако разбрал дека сопругот на Б.Р., кој работел како градежен работник во Црна Гора, е исчезнат, се понудил да и' помогне да го пронајде. Откако жената му ги дала парите, измамникот престанал да контактира со неа. Жената откако увидела дека е измамена, ја алармирала полицијата. (Ј.К.)