Србите ги подигаат заштедите од банките
Белград - Граѓаните на Србија од септември до почетокот на оваа година од банките подигнале 1,13 милијарди евра заштеди од банките. Според Народната банка на Србија, само во октомври лани, граѓаните исплашени од светската економска криза подигнале 860 милиони евра. Банките во Србија се пред колапс, а нивната вкупна загуба изнесува половина милијарда евра. Министерката за финансии на Србија, Дијана Драгутиновиќ, смета дека вториот бран на кризата ќе биде уште посилен и се поставува прашањето дали банките ќе можат да ја преживеат кризата. Српскиот динар во последните месеци во повеќе наврати девалвираше, спуштајќи се на ниво од околу 95 динари за едно евро. (Макфакс)
|