30.12.2011, 10:49 Шојбле: Во 2012 година ќе се стабилизира еврозоната
Германскиот министер за финансии истакна дека се уште има земји кои треба да се справат со големи проблеми.
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека е сигурен оти европските политичари ќе успеат да ја стабилизираат еврозона во 2012 година и да ја зачуваат заедничката валута.
Шојбле истакна дека се уште има земји кои треба да се справат со големи проблеми.
- Мислам дека заедно ќе стигнеме доволен далеку во следните 12 месеци за да ја отстраниме опасноста од заразата и да ја стабилизираме еврозоната, посочи Шојбле.
Германскиот министер на прашањето дали може да го отфрли распаѓањето на 17-члената еврозона одговори: „Во согласност со тоа што сум запознаен во моментот, одговорот е позитивен“.
Германија, најголемата европска економија, е клучен играч во долготрајната борба за запирање на должничката криза.
|
|