За Курто, Мурто и Влатко
Крсто Ивановски
Некои луѓе навистина изгубиле врска со реалноста. Читале, пишуваат за Курто и Мурто, се' некако врткаат, демек тие се умни глави „се грижат за државата“. Ама, освен што се „грижат“, не се идентификуваат кои се, никаде ги нема, невидливи се. Не се знае дали нешто сработиле за државата, дали се чесни, храбри или, пак, се ни риба ни девојка. Да се барем малку инвентивни ќе речат гласно и јасно дека Курто и Мурто се од исто друштво и дека кај нас Курто и Мурто се споредливи само со Љубчо и Никола. Едниот ја почнува, а другиот ја продолжува „шегата“.
Го спомнав и Влатко. Не поради неговата бистрина што ја покажа во Брисел, туку како дополнение. Истиот тој покажуваше на телевизија и во весници слики од куќи на „црвената буржоазија“, но многумина не знаат дека наместо вистина, пласираше лага. Во соработка со одредени новинари, изнесуваше невистини и иако и самиот знае дека бесрамно лаже, на пример, покажуваше слика на куќа од странец убава и со лифт во која на гости доаѓал и неговиот татко. Ако не знаел до сега, може и сега да го праша татка си, па да се извини јавно за „ненамерната грешка“.
Толку за Курто и Мурто и за Влатко, се' е јасно! |