Web Special

Васко Наумовски нов вицепремиер


фото А1

Васко Наумовски, доцент на Њујорк Универзитетот по меѓународно право и политика ќе биде новиот вицепремиер задолжен за европски прашања.

Именувањето на Наумовски, според плановите на премиерот Никола Груевски како што брифираат изворите треба да се случи наредната недела, објавено е на интернет страната на неделникот Форум.

Наумовски неодамна го одбранил докторатот на Правниот факултет во Скопје на тема, која се однесува на проширување на Европската Унија со земјите од Западниот Балкан. (Макфакс)