17.09.2012, 15:30
Еден-два победа на Илиоски и на Томовски во Грција



Илиоски настапи со нов мотоцикл „кавасаки“ и во второто возење оствари најбрз круг

Македонските мотокросисти Христијан Илиоски и Гоце Томовски забележаа еден-два триумф во отворената класа на Отвореното првенство на Грција, кое се одржа во Кајлари (на грчки Птолемаида). Илиоски настапи со нов мотоцикл „кавасаки“ и во второто возење оствари најбрз круг. Во оваа класа Никола Гулевски заврши шести.

Осумгодишниот Лука Ристевски го освои третото место во класата МХ65, а неговиот брат Андријан беше втор во класата МХ85, во која третото место му припадна на Христијан Станковиќ.