„Т-мобиле“ и „Т-хоум“ услуги со една претплата

„Т-мобиле“ и „Т-хоум“ брендовите од вчера стартуваа со комплетно нова понуда, нудејќи ги своите комуникациски решенија од едно место, на иста сметка и со една претплата. „Фемили Макс“ е новиот пакет кој ги задоволува потребите на целото семејство. Сите корисници сега ќе можат да зборуваат, сурфаат и да гледаат телевизија за цена од 1.999 денари, со вклучен ДДВ. Поволностите се бесплатни разговори меѓу мобилните и фиксните броеви во семејството, со нула денари трошок за воспоставување повик. Во месечната претплата има и вклучена сума што може да се искористи од мобилните телефони или од фиксната линија, а намалени се и цените за разговори со другите мобилни и фиксни мрежи. (Ек.Р.)


#