Фудбалски вести
Доминика Хузварова
За Канаваро ЕП заврши пред да почне
За капитенот на италијанската фудбалска репрезентација Фабио Канаваро европското првенство заврши пред да почне, бидејќи повредата на зглобот заработена на еден од тренинзите е посериозна отколку што се мислеше. Селекторот Роберто Донадони веќе го повика фудбалерот на Фиорентина Алесандро Гамберини, кој треба да го замени 34 годишниот Канаваро.
Промената на Канаваро донесе и промена на капитенската лента. Во таа улога ќе биде голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, најдобриот фудбалер на светот за 2006 година. Инаку, Канавро се повреди во дуелот со Џорџо Киелини, по што беше префрлен во болница. Лекарите констатираа дека имало исчашување на зглобот, но дека, сепак, операцијата во овој момент не е неопходна.
Хузварова прв победник на ЕП 2008!
Доминика Хузварова, чешката убавица е првата победничка на ЕП во Австрија и Швајцарија! Оваа дваесетгодишна студентка и манекенка ја освои титулата мис Евро 2008 на натпреварувањето на кое конкурираа 16 девојки од земјите учеснички на ЕП. Зад неа останаа претставничката на Турција Филиз Хеилман и Гркинката Мариола Шбанај. „Пресреќна сум, ова е голема чест за мене. Секако, на ЕП ќе навивам за мојата земја, секси се и чешките момчиња“, изјави Хузварова.
Роналдо пречекан како господ
Многу репрезентации веќе се наоѓаат во Швајцарија и Австрија. Но она што им се случи на Португалците ќе влезе во историјата. Организаторите на претходното ЕП, предводени од најголемата ѕвезда Роналдо допатуваа во швајцарското место Нојшател и, иако, беше прилично доцна настана вистинска еуфорија.
Звучи, неверојатно, но пред хотелот “Бо Риваж“ ги пречекаа повеќе од 10.000 навивачи, главно Португалци што живеат во Швајцарија, а веќе на првиот тренинг ги следеа 20.000 навивачи. Дека такво нешто ќе се случи можеше да се почувствува уште на аеродромот во Женева, каде покрај голем број обожавателки и ловци на автограми фудбалерите на Сколари ги пречекаа 1.000 мотоциклисти, кои ги пратеа 128 километри до нивната база! На влезот во Нојшател, долж езерото, шпалир од навивачи со песна ги пречека португалските играчи и нивното превозно средство на кое пишуваше: „Ова е автобусот на победниците“.
„Знаевме дека ќе бидеме убаво пречекани, но ова што се случи не го очекувавме. Тоа што го доживеавме е незаборавно“, изјави претседателот на Фудбалскиот сојуз на Португалија Жилберто Мадаил.
Се делат кондоми, а никој не сака да се секса
Интересни се две истражувања чии резултати се сосема различни. Првото го пренесува агенцијата АФП и во него се наведува дека поголемиот број навивачи преферираат фудбалски натпревари пред секс и нема да ги користат услугите на проститутките во Австрија и Швајцарија, додека виенското друштво за заштита од сида објави дека подготвува повеќе од 20.000 бесплатни кондоми, наменети за фановите.
Имено, дури 60 отсто од испитаниците во анкетата смета дека фудбалот е религија и го претпоставува како телесно уживање со спротивниот пол. Јасно, процентите варираат во зависност до земјата, па така Шпанците предничат - дури 72 отсто од нив го ставаат фудбалот пред сексот, а да речеме Италијанците и натаму се држат на својата идеја како големи љубовници па само 25 отсто стојат зад „бубамарата“.
Покрај добри жени, телевизорите се продаваат сами
Европското фудбалско првенство е вистинска мека за трговците, па фудбалската топка се обидуваат да ја вметнат каде што ќе стигнат. Да речеме, ако на лагер имаат вишок ТВ приемници, тогаш нема подобар избор за реклама од полугола девојка која техницира со топка, од жонглирање до прием на гради.
А топките скокаат....Самсумнг токму така го промовира својот нов ЛЦД телевизор. На рекламата се појавуваат девојки во долен веш кои техницираат повеќе од една минута. Наместо, на п��имер, парола „Со Самсунг Евро е поблиску“, или нешто слично, прилично надарената синокоса со својот (не)заинтересиран партнер изненадувачки гледа што тоа скока на новиот ЛЦД. Топката или цицката, прашање е сега!
Дали оди продажбата? Па не се сомневаме, бидејќи кога ќе се спојат убавите жени, фудбалот и било што трето, тука кикс нема. Друга е приказната колку е тоа направено со вкус или по нечиј вкус.
Чави Алонсо пред вратите на Јувентус
Фудбалерот на Ливерпул Чави Алонсо е многу блиску до потпис со Јувентус, пишува „Кориера дело Спорт“. Според, изданието Јувентус предложил четиригодишен договор според кој Шпанецот ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона. Се очекува во најскоро време и двата клуба меѓусебно да се договорат за отштетата. Најверојатно Алонсо во Ливерпул ќе го замени Герет Бери од Астон Вила.
Блекбурн го пушта Хјуз за 5 милиони фунти
Раководството на Блекбурн е подготвено да го прекине договорот со Марк Хјуз, но само ако Манчестер Сити плати 5 милиони фунти. Токму Хјуз е првата цела на сопственикот на Сити, Таксин Шинаватра како замена за Свен Јеран Ериксон, кој стана селектор на Мексико. |