Што прават денеска

Ненад Георгиевски

радио и ТВ-водител

Се радувам на изненадувачки сончевите денови во сред есен, па ќе го искористам за прошетки, кафе-дружење со пријателите. Приквечер тргнувам на пат за Струга, каде што вечерва треба да водам караоке-шоу, па продолжувам за Битола, всушност, за Нижополе, неделата да ја минам во природа.

Ружица Брчиоска

пејачка на „Ареа“

Слободен викенд, па ќе го искористам утрото подолго да поспијам зашто преку неделата станувам во 6 ч. наутро. Најголем дел од денот е за семејството, но треба да имаме и проба со „Ареа“ за настапот што не очекува на 11 ноември, во Скопје, за прославата на емисијата „Бекстејџ“.

Нино Леви

актер

По подолго време пред мене е слободен викенд, без претстави и синхронизации, па целосно ќе му го посветам на семејството. Претпладне, можеби ќе одиме на Водно, па потоа продолжуваме со урбани активности, како шопинг. Патем можеби ќе добиеме и некоја друга инспирација, но важно е да имаме слободен избор.


#