Хороскоп

ОВЕН

Информациите што ви ги соопштуваат имаат практично и корисно значење. Обрнете внимание на различни средби или на интересни идеи, кои имаат важно влијание врз натамошниот тек на деловните соработници. Осмислете добра акција. Потрудете се да ги зачувате оптимистичкото расположение и довербата во својот партнер.



БИК

Бидете внимателни за да не предизвикате проблем за успешно да ги остварите своите работно-финансиски намери. Имајте на ум дека вашите соработници или пријатели користат различни критериуми. Претпазливо избирајте лице со кое сакате емотивно да се дружите или да уживате во некоја интимна забава.



БЛИЗНАЦИ

Во свој типичен манир реагирате премногу гордо и категорично ги одбивате разговорите со одредени соработници. Важно е да ја контролирате својата лоша навика, нема потреба да се истакнете пред лицето што користи различни работни мерила. Партнерот има нови приговори на вашето однесување.



РАК

Не ви се допаѓаат нечии идеи, затоа претпазливо избирајте ситуации во кои можете да ги изразите своите интелектуални или практични способности. Употребете само проверени правила, пред да ги промените своите работни позиции. Не прифаќајте нови влијанија во љубовниот дијалог.



ЛАВ

Инсистирањето на вистината или на детаљна проверка наидува на големо воодушевување во вашата околина. Потребно е да го одбраните својот став, без оглед на сознанието дека соработниците често ја менуваат својата работна улога или опциите. Важно е правилно да расчистите со лажните умилкувања.



ДЕВИЦА

Треба да ги употребите своите дипломатски манири на средбата со своите деловни партнери. Понекогаш треба да имате трпение, посебно во ситуации кога е тешко да се предвиди нечиј потег или улога во заедничка акција. Ви недостасува темелно размислување и добра волја, а на вашиот партнер упорност и самодоверба.



ТЕРЕЗИЈА

Вешти сте во различни ситуации, но без нечија поддршка или асистенција целата приказна би имала друг тек или смисла. Затоа немојте да ги потценувате способностите на другите. Важно е да ја зачувате самоконтролата или да бидете критични кон својата околина. Нема потреба да ги потиснувате своите емоции.



СКОРПИЈА

Контактирајте со лицето во кое имате доверба или детаљна иформација за работните можности. Своите интереси не треба да ги врзувате само за одреден тип соработници, треба да си дозволите можност за поинаков поглед на работната ангажираност. Нема потреба да се надевате на емотивна фантазија.



СТРЕЛЕЦ

Некој влијае на вас со дополнително сомневање, затоа не сакате гласно да се изјаснувате за своите работно-финансиски планови. Сепак, премногу дискреција од ваша страна остава впечаток на неопределеност или негативно влијание на околината. На средбата со саканото лице е важно точно да ја дефинирате својата емотивна желба.



ЈАРЕЦ

Средба со едно лице не ви носи големо олеснување или, пак, задоволувачки одговор на актуелно прашање за работните можности. Сега сте принудени да се соочите со вистината што ги отсликува различните неправилности на работната сцена. Сепак, секогаш може да сметате на поддршка од своето семејство.



ВОДОЛИЈА

Доколку некој има забелешка на вашата работа, прифатете ја добронамерната критика во согласност со позитивна ориентација. Побарајте добар совет од лице што има доволно практично искуство во работните односи. Вашето однесување секогаш го отсликува вашето емотивно расположение.



РИБИ

Пронајдете вистинска смисла или задоволство во различни ситуации, кои позитивно влијаат на вашето расположение и го збогатуваат вашето животно искуство. Не треба да се криете зад лажна скромност пред деловните соработници или во друштво на саканото лице. Немојте да дозволите некој да трпи поради вашата погрешна процена.