Калиопи
Поп-дивата со 3-Д порака до своите фанови
„Порака“ е насловот на најновиот албум на поп-дивата Калиопи, чиј најавен сингл „Ти“ деновиве доби и свој видеозапис, што делумно се реализираше во просториите на „Јадран филм“ во Загреб, каде што се снимани сцените за 3-Д графика. Остатокот од спотот се снима во Македонија, а зад него стои хрватската продуцентска екипа „5 Group“ и „D’ Knock Production“.
Патем, новото цеде на Калиопи е комплетно завршено, а е работено на три јазици: македонски, хрватски и англиски. Во октомври се очекува да почнат промотивните активности заедно со синглот „Ти“, кој е предводник на кампањата, по што почнува и освојувањето на музичка Европа. Музички продуцент на албумот е Дарко Јурановиќ- Д’ Нок, во копродукција со „Slow Mo’ T“ на Тихомир Прерадовиќ. |