06.10.2011, 14:55
Малолетник му пукал во стомакот на својот другар




Шеснаесетгодишно момче од струшкото село Франгово испукал еден куршум кој го погодил неговиот другар во пределот на стомакот, информираат од МВР.

Имено, Б.К. (16) заедно со неколку негови другари седеле во автомобил, при што од невнимание од пиштол што го поседувал без одобрение испукал еден куршум и го погодил неговиот другар Р.М.(17) во пределот на стомакот.

Повредениот е пренесен во Медицински Центар Струга, каде е задржан на понатамошно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот, при што се одземени пиштолот, 36 куршуми и возилото.

По целосно расчистување и документирање на настанот, против Б.К. ќе бидат преземени соодветни законски мерки.