14.06.2012, 12:35 Претепани патници во автобус на ЈСП Скопје
(Илустрација)
Група насилници синоќа во 23,20 часот на автобуска постојка на бул. „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром влегле во автобус број 3 на ЈСП Скопје и нападнале патници.
Според МВР, тројца од групата која броела меѓу 15 и 20 лица упаднале во автобусот и без повод и причина почнале да викаат и да тепаат двајца патници, при што на еден од нив В.Т.(24) од Скопје, му нанеле видливи повреди. В.Т. е пренесен во Клинички центар Скопје и по укажана лекарска помош е пуштен на домашно лекување.
Полицијата презема мерки за за откривање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
|