Хороскоп


Овен

Можни се ненадејни промени во вашата врска. Нешто наеднаш ќе се преврти. Ќе биде подобро ако прифатите совет или да почекате некое време со одлуката. Преполни сте со енергија и оптимизам. Ги привлекувате туѓите погледи. Внимавајте на паричникот.



Бик

Пријателите ќе ви помогнат да пребродите некои недоумици и да сфатите што сакате. Во разговор со блиско лице ќе откриете некои нови деловни можности. На вашето расположение ќе влијае и однесувањето на блиските. Проверете ја состојбата на сметката.



Близнаци

Деловните проблеми ќе ви ја одземат смислата за романтика. Ќе го посакувате невозможното. Постојат лица што се подготвени на се', па и на матни работи. Под стрес сте. Потребен ви е долг одмор. Послушајте го внатрешниот глас.



Рак

Однесувањето на едно блиско лице ќе ве принуди да го кренете гласот и да го кажете она што инаку не би го кажале. Ако работите со луѓе, имајте повеќе трпение за жалбите и рекламациите. Би можеле да почувствувате болка во грбот и во мускулите. Покажете колку сте толерантни.



Лав

Многу претставници на знакот во идните денови ќе се вљубат или ќе ја зацврстат врската со саканото лице. Поволниот финансиски извештај ќе ве поттикне на акција што долго ја планирате. Заштитени сте од непријатности и здравствени пречки. Контролирајте ја бунтовноста.



Девица

Емоциите ќе ве оневозможат правилно да ги процените намерите на блиските луѓе. Ништо не земајте за сигурно. Ситуацијата се менува од ден во ден и тоа сосема неочекувано. Чувајте се од удари во нозете. Не се откажувајте без борба.



Терезија

Вашиот шарм ќе биде фатален за едно лице што веќе долго време ве набљудува. Поради финансиските промени ќе мора да ја смените деловната тактика и да заземете порешителен став. Препорачлива е прошетка крај море или езеро. Не ги предизвикувајте нервозните лица.



Скорпија

Едно лице ви испраќа тајни сигнали. Можна е средба со стара љубов. Работата ви цвета. Една нова понуда ќе ви отвори можност за патување. Не носете тешки предмети. Внимавајте на синусите. Не се откажувајте без борба.



Стрелец

Одредена ситуација ќе мора да ја свртите во своја корист. Бидете итри. Се' уште со своето знаење и познавање можете да ја смените постојната ситуација. На несоницата ќе влијаат нерешливи проблеми. Другите премногу се потпираат на вас.



Јарец

Љубовниот партнер ќе ве изненади со подарок или со идеја што ќе ве восхити. Во вашата работна средина ве очекува неизвесна ситуација и неодредени односи. Водете сметка за исхраната. Не се лекувајте сами. Не претерувајте со осаменоста.



Водолија

Постојат некои ситуации од вашето минато што не ви даваат мир. Соочете се со нив. Пред да се зафатите за работа испитајте дали ги имате сите потребни услови. Поспаноста лекувајте ја со работа. Измерете го притисокот. Внимавајте кому се доверувате и што зборувате.



Риби

Одличен ден за нов почеток. Покажете што чувствувате. Приближете се еден кон друг. Ќе удрите темели на еден нов проект. Самодовербата ви расте. Вашиот енергетски потенцијал е многу висок. Почнете да се занимавате со вежбање. Покажете иницијатива.


#