05.10.2011, 15:27 Вето во ОН за Сирија, Турција најави санкции
Русија и Кина се спротивставија Советот за безбедност на Обединетите Нации да донесе санкции против режимот во Дамаск.
АМАН – Русија и Кина му овозможија дипломатска победа на претседателот Башар ел Асад со тоа што ставија вето на резолуцијата за Сирија во Советот за безбеднист на ОН, формулирана од европски земји, по шест месеци насилно преземање остри мерки против продемократските протести. Меѓутоа, се појави притисок од моќниот сосед на Сирија, Турција, која му даде засолниште на сирискиот полковник кој му се приклучи на бунтот, во потег што може да ги заостри тензиите меѓу Дамаск и Анкара.
„Ова вето нема да не сопре. Ниту едно вето не може да им даде потполна слобода на сириските власти“, изјави францускиот амбасадор во ОН, Жерар Аро во вторникот пред 15-члениот совет.
Резолуцијата на ОН, која навести дека Дамаск може да се соочи со санкции во подоцнежна фаза, доби девет гласа „за“ и четири „воздржани“. Американскиот амбасадор во ОН, Сузан Рајс, изјави дека Вашингтон е бесен и дека е време Советот за безбедност да усвои „строги санкции“ насочени кон Дамаск.
Сириската економија се тетерави од санкциите на САД и ЕУ врз малиот но клучен нафтен сектор, кој е поврзан со семејството Асад и владејачките елити. Русија и Кина, кои имаат големи отстапки за нафата во Сирија и не сакаат да видат ширење на влијанието на Запад на Блискиот Исток, ги дадоа единствени гласови „против“ резолуцијата на ОН.
Рускиот амбасадор Виталиј Чуркин во Советот изјави дека Москва жестоко се противи на заканата со санкции против Дамаск, повторувајќи ги загриженостите дека изгласувањето на европската резолуција за Сирија ќе ја отвори вратата за воена интервенција од видот на онаа во Либија.
Турската новинска агенција Анадолија го цитираше поковникот Ријад ал Асад, највисокиот сириски офицер кој пребегна во опозицијата откако еруптираше народниот бунт во март, како вели дека тој е на безбедно во Турција. Во информацијата од агенцијата, од Хатај во јужниот дел на Турција, каде 7.000 Сиријци побегнаа за да се спасат од крвавото задушување на протестите од страна на Асад. Асад, воениот дезертер кој ја предводи „Сириска ослободителна армија“, минатата недела изјави дека 10.000 војници дезертирале.
Турскиот премиер Таип Ердоган, кој прогнозираше дека „порано или подоцна“ сирискиот народ ќе го собори Асад, негов поранешен пријател, изјави дека ќе ги обелодени плановите за санкции против Сирија откако ќе ги посети сириските бегалци во Хата, во следните неколку дена. (Ројтерс)
|
|