05.10.2011, 11:17 Бусек: Поделбата решение за Косово
Поранешниот координатор на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа Ерхард Бусек смета дека кога ќе се смири актуелната криза во северниот дел на Косово.
Сите страни - Приштина, Белград и меѓународната заедница, би требало да ги разгледаат можните решенија за излез од косовскиот јазол, а едно од нив би можело да биде поделба на Косово.
Иако во ЕУ моментално нема заговорници на оваа идеја, бидејќи повеќето членки испраќаат порака дека е завршено со измената на границите на Балканот, Бусек верува дека, како времето минувало а кризата траела, тоа може да се смени, па и да стане преовладувачки став во Унијата.
- Од затегнување на ситуацијата и дополнително компликување на теренот никој нема корист. Очевидно е дека актуелната тактика не носи резултати. Се согласувам дека дијалогот е единствен пат, а во негови рамки треба и да се третираат теми кои моментално изгледаат невозможни, како што е поделбата на Косово, истакна Бусек за денешното издание на весникот „Новости“.
Овој австриски политичар е убеден дека исцртувањето нови граници на Косово нема да создаде дополнителни проблеми во регионот, напротив, доколку сите сложат околу тоа тоа само дополнително и трајно ќе го стабилизира Балканот.
- Не гледам зошто меѓународната заедница не би се согласила со поделба, ако за тоа постигнат договор Белград и Приштина. Сите детали за ваков излез од косовската пат позиција би можеле да се усогласат на некој вид „косовски Дејтон“, каде меѓународната заедница би била гарант на договорот, објасни Бусек.
|
|