Што прават денеска

Дарко Мораитов

фотограф

Денот до пладне ми е неизвесен, но во случај да станам порано, следува една чаша сок и трчање на кеј. Потоа - туширање, појадок и кафиња со пријатели низ Дебар Маало (читај состаноци). Од пладне почнува работниот ден со фотосесии и во доцните вечерни часови средување фотографии во постпродукција. Доколку остане слободно време се дружам со некоја книга или филм.

Елена Петковска

ТВ-водителка

Почеток на нова работна недела, утрото ми почнува со обврските на работа и 29 најмили мои ученичиња, а потоа заминувам во АБ канал каде што со Мелита се договараме за емисиите за новата сезона. Попладнето и' го посветувам на книгата, бидејќи полагам испит на постдипломските студии, а вечерта ќе ја минам со најблиските, прошетка низ градот и добар пијалак.

Ѓоко Танески

пејач

По релаксираниот викенд поминат со најблиските во Охрид, денеска се враќам во Скопје. Веднаш по пристигнувањето ме очекуваат неколку состаноци и договори околу моите претстојни настапи во ноќните клубови. Во меѓувреме интензивно размислувам и работам на нов материјал, со кој ќе ја израдувам мојата публика.


#