18.09.2012, 12:16
Моника Левински пишува книга за аферата со Клинтон



Левински наводно се состанала со некој од најголемите издавачи, а сите тие морале да потпишат договор за доверливост на податоците пред да се најдат со неа

Моника Левински, која некогаш работеше во Белата куќа, наводно одлучила да напише книга за сексуалната афера со некогашниот претседател на САД, Бил Клинтон.

Како што пренесува „Њујорк пост“, Левински наводно се состанала со некој од најголемите издавачи, а сите тие морале да потпишат договор за доверливост на податоците пред да се најдат со неа.

- Сигурно дека секој издавач го интересира да слушне што има таа да каже – рекол добро известен извор близок на проектот за „Њујорк пост“.

Се уште не се знае која издавачка куќа ќе добие конечен договор. Претставниците на Моника Левински не сакале да ги коментираат наводите за можно издавање на книгата.