Татко и син загинаа од гром

Педесет и деветгодишниот Митре Колев и неговиот син Лазар (28) загинаа од удар на гром во селото Чемерско, Кавадаречко. Тие утрината заминале на својот лозов насад да работат, но во попладневните часови селото го зафатило силно невреме со пороен дожд и грмежи. Околу 17,30 часот, во нивното лозје удрил гром кој бил фатален за двајцата.

Утрово во 4 часот жители од Чемерско пријавиле во Полициската станица во Кавадарци дека во атарот на селото, во месноста Стопански Двор, биле пронајдени мртви нивните соселани Митре Колев и неговиот син Лазо.

Увидна екипа од Полициската станица во Кавадарци излегла на местото на настанот, а лекар констатирал дека смртта настапила како последица од удар на гром. (А.Д.)