Мајкл Џексон

Таткото изоставен во тестаментот

Кралот на попот Мајкл Џексон своето големо богатство во тестаментот од 2002 година им го оставил на мајка си, на децата и на некои хуманитарни организации. Таткото во тој тестамент не се споменува.

Пејачот во повеќе наврати во медиумите го обвинувал својот татко Џо Џексон за физичко малтретирање во детството. Дури изјавувал дека му се лоши од самиот поглед на него. „Толку бев срамежлив што си го миев лицето во мрак“, раскажувал Мајкл во едно интервју, опишувајќи ги своите пубертетски денови и појавата на мозолчиња. „Не можев да се погледнам во огледало, а татко ми постојано ме исмејуваше. Го мразев тоа. Секој ден плачев, а тој ми велеше дека сум грд“, извлечен е цитат од некое старо интервју на кралот на поп-музиката.

Во обидот да ги демантира обвинувањата на синот за малтретирање, Џо во 2005 изјавил дека не го тепал, туку го удирал со ремен. „Се тепа со стап“, „објаснил“ во таа пригода. Истата година за „Асошиетед прес“ рекол дека мајката Кетрин го тепала Мајкл повеќе од него.