МОДНА НЕДЕЛА ВО ЊУЈОРК
Славни деколтеа на црвениот тепих
Црвениот тепих на Модната недела во Њујорк на која се прикажуваат најновите модни трендови привлече голем број ѕвезди, кои ги открија своите деколтеа.
По се' изгледа, најмногу покажа актерката Хали Бери. Прекрасна, како и секогаш, таа пристигна во привлечна проѕирна маичка. Многумина забележаа дека Хали, за која се зборува дека за време на снимањето на новиот филм се сплеткала со колегата Оливер Матинез, едноставно блескаше...
Ким Кардашијан, како и Бери, се одлучи за црна комбинација. Во краток црн фустан градите речиси и' излегуваа од деколтето, но, сепак, најмногу погледи привлече со својата славна заднина.
Ревиите на Модната недела во Њујорк ги посетија и поранешната зајачица на „Плејбој“ - Кендра Вилкинсон, актерката Кармен Електра, старлетата Кортни Кардашијан и многу други... На друштвото на славни се приклучи и пејачката Гвен Стефани, која се одлучи за весел шарен фустан и скромно деколте. |