ЏЕНИФЕР АНИСТОН

Повторно гола и самоуверена

Откако неодамна ги покажа своите гради за новогодишниот календар за 2009 година и ја откри желбата дека сака да го покажува своето тело, актерката Џенифер Анистон направила чекор понапред и се појавила како од мајка родена на насловната страница на магазинот ГК.

Најпознатата од групата „Пријатели“, освен својата совршена линија, во интервјуто открила и дека не е во блажена состојба и дека не се одлучила да го побара Џон Мајер за сопруг.

А, откако решила да им стави крај на приказните за лутината спрема Анџелина Џоли, изјавила дека сето тоа е само една голема лага, бидејќи тие живеат сосема нормално и во мир.

„Смешно е што луѓето не можат да сфатат дека сите ние заедно за викендите заминуваме во Хемптонс. Тоа е навистина лудо, бидејќи сите деца се тука и Захари и Нокс...“, појаснила Анистон.

Во однос на прашањето за ситуацијата во Холивуд, која многу актерки условно ги остави без работа поради светската економска криза, како и неодамнешниот штрајк на сценаристите, Анистон изјавила дека нема за што да се грижи.

„Има премногу филмови во кои главната цел на жената е да го најде вистинскиот маж. Но, како што можете да видите, тоа не е случај со мене. Тие теми навистина не ги сакам“, појаснила Анистон.