25.07.2012, 19:10 СДСМ го одложува митингот во Скопје поради слаба посетеност
Слабата посетеност на митинзите на СДСМ е основната причина поради која таа партија втор пат го одложува големиот и помпезно најавуван митинг во Скопје, рече на вчерашната прес-конференција Александар Николоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
„Прво брифираа дека ќе се одржи митинг во мај, по Самитот во Чикаго. Потоа истиот митинг најавуван уште од мај требаше да се одржи на 2 септември. Сега тие го одлагаат втор пат за 28 октомври.Тоа е доказ дека немаат адекватни кандидати за градоначалници за општините во Скопје и Град Скопје. Затоа го одложуваат митингот“, изјави Николоски. (П.Р) |