Скопјанец се самоуби во Охрид
ОХРИД - Нема траги на насилство на телото на скопјанецот кој завчера околу 16,50 часот беше пронајден во водите на Охридско Езеро, во областа Мавија, во близина на хотелот „Гарден“ во Охрид. СВР-Охрид ги демантира информациите дека станува збор за убиство со нанесени повреди на главата, туку е самоубиство што го констатирале надлежните.
„Станува збор за лицето Бошко С. (76) од Скопје, кој заедно со својот син привремено престојувал во Охрид. На телото на давеникот не се забележани траги на насилство. Се работи за самоубиство со давање“, вели Стефан Димовски, портпарол на СВР-Охрид. Завчерашната жртва е петта во водите на Охридско Езеро летово. (С.И.) |